Таравари: Ќе се вакцинирам, и тоа исклучиво со вакцината на „Фајзер“

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Релевантна вакцина, засега, којашто се користи и ги исполнува сите критериуми за да се прими е вакцината којашто ја користи 95 отсто од светот, односно вакцината на „Фајзер“, која што ја набавуваат повеќето држави и во Америка и во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

„За жал, во Македонија се уште не знаеме ни кога ќе стигне вакцината. Ние сме како слепо црево во Европа и во Западен Балкан. Веќе повеќето држави околу нас ги набавуваат вакцините. Кај некои држави се стигнати и започната е вакцинација. Некои пред Нова Година, другите веднаш по Нова Година. За кај нас постојат претпоставки дека можеби во март ќе започнеме со вакцинација, но и тоа е под голем знак прашалник, дали и во март ќе стигнеме. Јас не би посакал, искрено го кажувам ова, да задоцниме и да се случи во април, мај, јуни, јули или подоцна од тоа. Тоа би било катастрофално за нашата држава“, наведе Таравари.

Запрашан дали ќе се вакцинира и, доколку може, со која вакцина би одбрал да биде вакциниран, тој посочи дека штом стигне вакцината, веднаш ќе се вакцинира.

„Јас веќе го прележав ковид 19, бев инфициран и тоа со сериозни симптоми. Фала Богу сега сум подобар. Штом стигне вакцината, веднаш ќе се вакцинирам со целото мое семејство. И не лично, туку како лекар кој претпочита да се базира на медицина базирана на докази, единствената вакцина која е релевантна и која што дава некаква сигурност е вакцината на Фајзер и јас исклучиво би се вакциниал со таа вакцина“, истакна Таравари.

Слични содржини