18
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, утрово одржа средба со странските медицински тимови кои активно помагаат во третманот на повредените од трагедијата во Кочани, како и со Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во земјата, соопштуваат од министерството за здравство.
Оттаму нагласуваат дека министерот Таравари изразил длабока благодарност за поддршката од чешките и израелските медицински тимови, кои заедно со амбасадорите на своите земји се вклучија во лекувањето на пациентите. Тој упатил признание и до тимот од Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, кој веднаш се стави на располагање во критичните моменти и веќе се врати во Србија за продолжување на третманот.