Таравари на свој трошок бил во САД, обезбедил покана преку пријатели

од Nikola Popovski
142 прегледи

Еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари информира дека на свој трошок бил во САД, како дел од посетата по повод инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Јас во САД отидов во сабота и стигнав во недела. Во вторник наутро тргнав назад. Значи два работни дена не бев тука. Цело време бев во комуникација за се што се случува тука. сметам дека и министерот понекогаш има право да оди на патување каде што смета дека е важно за него. Јас сум министер, но, истовремено сум и претседател на партија. Имам пријатели во САД кои што ми обезбедија покана. Планот беше инаугурацијата на Трамп да биде надвор, дури имаше и обезбедено седиште во тие 2000 планирани кои беа предвидени, но, поради временските услови се одржа внатре. Имав прилика да видам како се слави, не успеавме во сите настани, но бев на инаугурациски појадок, вечера, како и балот. Атмосферата е фантастична, кажа Таравари во емисијата „24 анализа“.

Како што истакна министерот, не бил дел во владината делегација. Истакна дека половина Вашингтон бил блокиран и немал можност да се види со премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова беше приватна посета. Не е користен ниту денар од службените патувања. Сам платив превоз и хотел, појасни Таравари.

Слични содржини