Таравари најави повлекување од политиката доколку изгуби на избори

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, во која се здружени опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, смета дека предност пред директниот противкандидат Бујар Османи од ДУИ е неговата „чиста“ политичка кариера, без скандали и афери.

Но, Таравари во интервјуто за РСЕ најави и дека ќе се повлече од политиката ако ги изгуби изборите.

-Ако не победиме на овие избори, мислам дека така треба да биде. И во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата…иако кај нас имаше одредени случувања, не ми се дозволи од сопартијците барем едни избори да ги терам до крај. А јас им кажав, барам доверба од сите вас. Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и немаше да има сила која може да ме запре да не дадам оставка доколку бевме обединети и не победевме. И вака ќе победиме, изјави Таравари.

Слични содржини