Таравари најави протести: „Избори ДА, крадење НЕ“

од Берта Китинска
259 прегледи

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека заедно со коалицискиот партнер Алтернатива в понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“ за да го изразат револтот против „злоупотребата на гласовите и полнење на кутиите на изборите од страна на ДУИ“.

Тој најави дека протестите со мотото „Избори ДА, крадење НЕ“, ќе почнат во понеделник во 18 часот од паркот во Чаир во Скопје и ќе ги организира коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Според него, извршена е брутална кражба на гласови во албанскиот блок, поради што поднеле жалби до Управен суд за изборни прекршувања во петтата и шестата изборна единица.

Тој вели дека не очекува да да бидат прифатени бидејќи, како што обвини, во судот има судии блиски до ДУИ.

Слични содржини