Таравари: Нашите приоритети се јасни – тоа е европскиот пат, почнување преговори преку уставни измени

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Во интервју за ТВ 21 Арбен Таравари наведе дека тој лично сè уште имал дилеми за наредна влада која евентуално би била предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нашите приоритети од 1 до 10 се јасни, тоа е европскиот пат, почнување преговори преку уставни измени, сè друго е после тоа“, вели тој.

Таравари, кој е кандидат за претседател на државата поддржан од опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата „Европски сојуз за промени“, во синоќешното интервју порача дека доколку не се случат уставни измени, тие нема да бидат дел од идната влада што би се формирала по изборите.

„Сега зборувам за Алијанса за Албанците, без разлика колку пратеници ќе имаме, ние нема да бидеме дел од влада која нема да ги направи уставните промени. Ќе бидеме дел од влада која во одреден временски период ќе се обврзе да ги спроведе уставните промени“, порача Таравари.

Тоа се коси со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои не отстапуваат од стојалиштето дека нема да поддржат уставни измени, а Таравари смета таквите ставови на Мицкоски биле „конфузни и нејасни“.

Слични содржини