Таравари не бил исклучен, туку сам се повлекол од ВРЕДИ, тврди Меџити

од Љубиша Владимиров
40 прегледи

Арбен Таравари не бил исклучен од коалицијата ВРЕДИ, туку самиот се дистанцирал, изјави денеска Изет Меџити по состанокот на коалиционите партнери. Според него, Таравари веќе имал постигнат договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и одбил понуда да добие до 40% од градоначалничките и советничките позиции.

Коалицијата смета дека одлуката на Таравари Алијансата за Албанците да настапи со самостојни листи не произлегува од базата или анкетите, туку е во корист на ДУИ. Меџити вели дека Таравари се среќавал со претставници на оваа партија во последните месеци.

На прашањето дали ќе бараат негова оставка од владата, Меџити не одговори конкретно, но додаде дека соработката со ДУИ претставува позиционирање на страната на корупцијата, што може да стане проблем за владата. Побара и јавно извинување од Таравари до 107.000-те граѓани кои гласале за коалицијата.

На состанокот присуствуваа пратеници, министри, градоначалници и други функционери од коалицијата, кои донесоа одлука за заеднички настап на локалните избори. Во наредните денови ќе бидат формирани изборни штабови. Овој состанок следеше откако Централното претседателство на Алијансата за Албанците реши да настапи самостојно, но формално да остане во коалицијата.

Слични содржини