Таравари убеден во убедливата победа над ВЛЕН

Таравари оцени дека на локалните избори коалицијата во која се ДУИ и крилото кое го предводи ќе извојуваат убедлива победа.

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Арбен Таравари

Предноста на Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) пред конкурентската ВЛЕН/ВРЕДИ е два спрема еден, рече лидерот на крилото од партијата Алијанса за Албанците по состанокот на Централното собрание. Тој потенцира дека за доскорешните сопартијци Азир Алиу и Арбен Фетаи нема да има место.

Таравари оцени дека на локалните избори коалицијата во која се ДУИ и крилото кое го предводи ќе извојуваат убедлива победа.

– Убеден сум дека на 19 октомври, НАИ ќе излезе со силен резултат на државно ниво. Предноста пред ВЛЕН ќе биде над два спрема еден. Ова не е само очекување, туку многу јасен сигнал и за албанските граѓани и за премиерот за тоа кој ја има вистинската поддршка од Албанците, нагласи Таравари во изјава за медиумите по состанокот кој се одржа синоќа во Гостивар.