Таравари: Вознемирен сум од зголемувањето на тензиите меѓу С. Македонија и Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, коишто ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.

Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на Твитер ги повика институциите да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии.

„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.

Слични содржини