Таравари за Бејта од ДУИ: Секој производ има рок на траење

од Даниел Ѓорѓиевски
265 прегледи

 

Актуелниот градоначалник на Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, за својот евентуелен  противкандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, рече дека секој човек кој е во политика две децении, се троши.

-Мислам дека Невзат Бејта се кандидира за градоначалник на Гостивар по петти пат. Секој производ, колку и да е фантастичен, има рок на траење. Кога еден човек е 20 години во политика, едноставно се троши. Но, ние ги почитуваме сите противкандидати бидејќи тоа се наши луѓе со кои ќе влеземе во политички натпревар. Ние ќе бидеме  фаворити, особено доколу тој се кандидира. Мислам дека има огромно незадоволство во ДУИ во Гостивар. Знаете, како е кога една структура на луѓе 20  години нон-стоп работи за еден човек, за тој да биде министер, пратеник, градоначалник еднаш, вторпат итн. Бејта веќе имаше два градоначалнички мандати. Во првиот мандат тој не победи, туку го искористи времето на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 г. кога ДУИ направи злоупотреба полнејќи ги кутиите. Создадоа атмосфера на непријателство во која луѓето, па и цели семејства почнаа да не зборуваат меѓу себе. Сепак кој и да е  кандидат од ДУИ, ние ќе го почитуваме. Ќе се обидеме, барем се надевам во Гостивар, ако има добри коалции, да поминеме уште во првиот круг, рече Таравари за телевизија Сител.

Таравари посочи дека Алијансата за Албанците на терен работи турбо,  особено во ограноците и општините  населени со Албанци.  Претседателот на партијата Зијадин Села имал позитивен став за евентуалните нови кандидатури на тројцата актуелни градоначалници на Гостивар, Боговиње и Врапчиште, но сепак партиските органи ќе го кажат последниот збор.   Таравари рече дека би го прифатил предизвикот за уште еден градоначалнички мандат бидејќи партијата типува на локалните избори да освои околу 10 општини. На списокот за кандидати за градоначалници најмногу имало доктори и професори.
– Сеуште не е дефинитивно но, четворица или, пак, петмина од кандидатите ќе бидат доктори. За жал докторите и професорите најдобро стојат на рејтинг листите, барем ние тие што ги правиме. Според информациите што ги разменуваме со другите партии и кај нив има многу доктори. Така да неколку добри доктори, кои се еминентни во земјата можеби ќе бидат идни градоначалнци. Иако докторите не се поврзани со политиката, поради контактите луѓето најмногу ги поддржуваат, рече Таравари. И.Т.

 

 

Слични содржини