Таравари за идејата на ДУИ за поделба по региони: Што нема да им текне, паметни се кога се во опозиција

од Nikola Popovski
226 прегледи

Првиот човек во здравството и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари вели дека ДУИ „се паметни кога се во опозиција и што не им текнува“ околу нивната идеја да се озакони Мајскиот договор и Македонија да се подели на региони по примерот на Белгија и Северна Ирска.

Смета дека партијата на Али Ахмети е „доста несериозна“.

-22 години беа на власт и со ВМРО и со СДСМ и ситe oвие идеи можеа да ги спроведат. Сега кога се во опозиција, мислам дека не се сериозни, туку ова им е само за политички поени. За се можеме да разговараме, но 22 години ништо не си кажал и сега од опозиција, за два месеци имаш големи идеи кои што се тешко спроведливи. Им посакувам да бидат поконструктивна и попаметна опозиција, а не вака да излегуваат со работи кои што не држат или тешко поминуваат, рече Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ГОБ „8-ми септември“.

Слични содржини