Тасева: Наша работа е дали ќе спроведеме ветинг, а не на Европската Унија

од Ивана Рамаданова
418 прегледи

Дали е време за ветинг, не е работа на Европската Унија, смета претседателката на  Транспаренси Интернешнл-Македонија, Слаѓана Тасева.

„Европската Унија треба да се залага да имаме владеење на правото, но ако ние оцениме дека требаме да спроведеме ветинг, тоа е работа на државата“, изјави Тасева.

Според неа, очекувањата треба да бидат засновани на реална основа, бидејќи, како што рече, ние можеме да зборуваме за најава и за ветинг, меѓутоа тоа треба добро да се подготви.

„Јас се уште не гледам адекватна иницијатива да се создаде правна основа за таков ветинг и затоа сите овие работи кои што се препорачуваат или се заговараат или се даваат налози и задачи на институциите, како и на судскиот совет и на државната комисија за спречување на корупцијата, можат да бидат дел од некаква постапка за проверка, меѓутоа тоа не е ветинг. Ветингот мора да биде заснован на закон“, додаде Тасева.

И.Р.

Слични содржини