328
„По правило во истрагите во денешниот свет се поаѓа од парите, за да се стигне до криминалот“, вели професорката Слаѓана Тасева за емисијата „Трилинг“.
Според неа, ако утре дојде на работа со фин автомобил, некој може да провери, како го купила тој автомобил.
„Одејќи по трагата на парите, да види дали имам некаква криминална активност. Сите поеднакво се однесуваат. Кога им укажуваме јасно дека постои криминал, не преземаат ништо. Тоа е затоа што парите имаат моќ. Парите што се нелегално стекнати многу лесно се даваат за да се обезбеди заштита и со нив лесно се држат под контрола сите влади“, смета Тасева.