Тасева: Со Законот за потекло на имот, свесно или несвесно сите се ставаат во ист кош

од Nikola Popovski
429 прегледи

„Едно е криминално стекнат имот, а друго е стекнат имот. Не можеме сите наеднаш да станеме криминалци или некој да не инкриминира со тоа што ќе донесе закон, кој што ќе претпостави дека секој наш имот е стекнат нелегално“, вели професорката Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Според неа, тоа е спротивно на сите меѓународни стандарди и со овој Закон свесно или несвесно сите се ставаат во ист кош.

„Верувам дека судот и судството тука нема да имаат улога, освен ако не се дојде до ситуација да се докаже дека нешто е стекнато за начин за кој што не може да се потврди илегалноста. Криминалното и нелегалното не е секогаш истото“, потенцира Тасева во изјава за емисијата „Трилинг“.

 

Слични содржини