222
Отсекогаш овде подобро се слушал гласот што доаѓал од надвор. Ние можеме да кажеме што сакаме, но ако тоа се каже од надвор, подобро се разбира. Луѓето не реагираат ниту на изјавите на амбасадорите, ниту на лошиот извештај на Европската комисија, вели претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева за последните критики на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп за состојбите во судството и владеењето на правото во земјата.
Тасева посочува дека ние сме благодарни што амбасадорите користат дипломатски јазик.
-Добро е сите гласно да кажуваме што треба да се подобри и уште е подобро ако за тоа отворено разговараме, рече Тасева пред објавување на резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија