Бугарскиот историчар Спас Ташев смета дека секое зближување со Македонија ќе има позитивна улога.
-Мора да ги поздравиме обидите Бугарија да се приближи до Република Северна Македонија, изјави тој за БНТ.
Според него, моментално сме во фаза на чекање за да ги видиме резултатите, односно дека е се е во доменот на добрите желби. Ташев претстојното транспортно поврзување меѓу Софија и Скопје го оцени како позитивна политика.
Историчарот потенцира дека во разговорите со Македонија треба да се отворат практично сите теми.
-Ова е промена и надградба на бугарскиот пристап за да се создаде нова клима на доверба. Софија има интерес еднаш засекогаш да ги реши проблемите и тешко дека има бугарски државјанин кој е против фактот Македонија да стане членка на ЕУ, нагласи историчарот. За тоа, сепак, мора да се отстрани говорот на омраза и бугарските граѓани во Македонија да имаат еднакви права со другите, додава тој.
Ташев посочува дека доброволното одвојување од минатото би било корисно дури и за Бугарија да даде пример со своето минато.
-Ние велиме дека Скопје не раскинало со комунистичкото наследство, но јасно е дека и ние имаме такви проблеми, категоричен е бугарскиот историчар.