Таско му се поклони на Пандев: Вчерашниот ден останува засекогаш да биде запаметен

од Берта Китинска

„Поклон до Горан Пандев. Тој е оној што останува засекогаш во меморијата кај оние што биле на стадионот „Јохан Кројф“ или покрај малите екрани. Во 69-та минута рече збогум на репрезентацијата, по 69-ти пат беше капитен на македонската фудбалска репрезентација. Холанѓаните му подарија дрес со број 122, рекорд кој е прашање дали ќе биде соборен. Вчерашниот ден останува засекогаш да биде запаметен“, изјави во Утрински брифинг легендата на спортското новинарство, македонскиот коментатор Атанас Костовски.

Тој кажа дека не е разочаран од играта на фудбалерите.

-Нашиот нов капитен го слушнав вчера како рече – Не сакам само да учествувам, сакам нешто повеќе. Сите ние сакаме повеќе, но веќе знаеме дека сме 23 на ЕП. Зад нас е само Турција. За сега првиот чекор беше да учестуваме. Јас не сум разочаран, вели Таско.

Слични содржини