230
Татко си го нападнал синот со остар предмет во угостителски објект кој е во нивна сопственост, информираат од полицијата.
Вчера во 17.00 часот на ул.„Решад Џафери“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје.
Лицето е осомничено дека во неговиот угостителски објект на Бит Пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22), кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.