Во четвртокот, околу 07,35 часот во Полициска станица Чаир, М.М.(29) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 6 часот во неговиот дом забележал дека неговиот син не дава знаци на живот.

Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.