Таткото на Боки 13 дава исказ пред Русковска

од Aleksandar Todeski
320 прегледи

Миле Јовановски, таткото на првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде ќе дава исказ како осомничен за случајот кој е отворен од страна на обвинителката Вилма Русковска, а се однесува на работата на невладината организација Меѓународен сојуз.

Пред Јовановски, во пред Русковска даваа исказ Јасна Мандиќ, заменик претседателката на Меѓународен сојуз и пратеничката Фросина Ременски, почесен претседател на невладината. Освен Јовановски, Мандиќ и Ременски, за продолжената истрага за „Рекет“ осомничена е и личната асистентка на Боки 13, Кристина Блажевска.

Обвинителката Влима Русковска најави обвинение за овој случај на средина на јануари. Пратеничката Ременски пак, претходно изјави дека во Обвинителството видела се освен докази.

И.Р.

Слични содржини