Таткото на Боки 13: Слушнавме одмазднички пресуди, донесени без докази

од Берта Китинска

Денеска умре правдата во Македонија, дефинитивно се покажа како умрени и обвинителството на Русковска и судството на Џолев и на неговите јастреби. Слушнавме одмазднички пресуди, донесени без докази, кажа Миле Јовановски , таткото на Бојан Јовановски – Боки13, по изречените пресуди во судскиот процес „Меѓународен сојуз“ во кој тој доби условна казна, а неговиот син доби 9 години затвор.

Тој посочи дека пресудата е одмаздничка, пред сè затоа што неговиот син презентирал инкриминирачки пораки со Русковска и други функционери.

-Нема правда и Македонците, Албанците и сите други кои живеат овде во Македонија, нека не ја чекаат правдата зашто е умрена. Ниту во Занзибар не може да се случат вакви пресуди, рече Јовановски.

Слични содржини