Таткото на Бритни Спирс изразил желба да се смири со пејачката, еве што мисли таа на темата

од Stefanija Kuzmanovska

Таткото на пејачката Бритни Спирс имал операција по која сакал да се смири со својата ќерка, но според странските медиуми и извори блиски до семејството, таа не сака да слушне за него.

Драмата меѓу поп-ѕвездата Бритни Спирс и нејзиниот татко Џејми е позната со години. По долгогодишна борба каде Џејми го контролираше животот на пејачката, таа конечно успеа да се ослободи од неговото старателство, а таткото и ќерката долго време не се во добри односи.

Неодамна Џејми имаше сериозна инфекција која не можеше да се реши ниту со операција, па лекарите по пет неуспешни операции на крајот мораа да му ја ампутираат ногата. Како што е наведено, инфекцијата ја предизвикала операцијата на коленото која ја направил пред 16 години, а сега среде сите овие проблеми, таткото на пејачката изгубил дури 25 килограми.

Сега тој првпат се појави во јавноста по ампутацијата, а сликите се многу шокантни. Имено, тој бил пред својата куќа во Луизијана кога бил фотографиран. За него се грижат други членови на семејството, но од Бритни нема ни трага ни глас.

Изгледа дека тоа навистина го погодило, бидејќи како што се наведува, после ова добил желба да се смири со ќерката.

Во еден момент дури имаше и наводи дека Бртини сака да се смири со него. Дури се зборуваше дека ѝ било жал за татко ѝ, па му испратила пари за операција, но подоцна се покажало дека тоа не е вистина и дека пејачката не е подготвена за помирување.

Слични содржини