Тажен ден за кошарката: Почина поранешен НБА играч

од Nikola Popovski
344 прегледи

Поранешниот играч на Атланта Хокс и Панатинаикос, Адријан Пејн, почина на 31-годишна возраст.

Пејн ја започна својата кариера во дресот на Атланта, која го избра на НБА драфтот во 2014 година како 15-ти пик.

Таму не се задржа долго и веќе во 2015 година замина во Минесота, каде го помина најголемиот дел од кариерата.

Пејн постигнуваше 4 поени по натпревар со 2,9 скока и 0,6 асистенции по натпревар. Во Европа играше за Панатинаикос, Асвел, Орманспор и Јувентус.

Поранешниот НБА играч и соиграч Џеред Селинџер се прости од него преку неговиот Твитер профил.

„Ја мразам оваа вест што ја добив утрово. Почивај во мир брат“, објави Селинџер.

Причината за смртта се уште не е позната.

 

Слични содржини