НБА играчот откри зошто неговото обезбедување ја удрило Бритни Спирс, пејачката ги негира наводите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Бритни Спирс доживеала непријатност за време на синоќешниот престој во ресторан во Лас Вегас, кога обезбедувањето на НБА играчот Виктор Вембањама ја удрило во лицето.

Бритни, која и самата е кошаркарка од времето во средното училиште Парклејн, наводно го забележала Вембањама, му пришла да побара фотографија, но настанал хаос.

Шефот на обезбедувањето на Сан Антонио Спарс инстинктивно ја удрил со тупаница по лицето, по што очилата на Спирс ѝ излетале од главата и паднала на земја.

Вембањама подоцна даде изјава за печатот и нагласи дека Бритни „го грабнала одзади“, и дека поради тоа обезбедувањето реагирало поагресивно.

Сепак, пејачката го тврди спротивното.

Таа се огласи на Инстаграм и изјави дека го „потапкала по рамо кошаркарот“ за да му честита за успехот, а за возврат добила удар во главата.

„Трауматските настани не се ништо ново за мене, имав многу такви во минатото. Но, не бев подготвен за она што ми се случи синоќа. Го препознав спортистот во фоајето на мојот хотел додека одев на вечера. Подоцна отидов во ресторан во друг хотел и повторно го видов. Решив да му пријдам и да му честитам на успехот. Беше многу бучно, па го чукнав по рамото за да му го привлечам вниманието. Слушнав како кажува дека сум го зграбила одзади, но само го потапкав. Неговото обезбедување потоа ме удри во глава без да гледа назад, и пред голем број луѓе“, напиша Спирс и додаде:

„За малку ќе ме собореше и очилата ми паднаа“.

„Постојано сум опкружена со толпа луѓе. Всушност, и таа вечер ми пријде група од 20-ина обожаватели. Моето обезбедување не удри ниту еден од нив. Срам ми е да ја споделам оваа приказна со светот, но веќе е споделена. Физичкото насилство се случува премногу често во светот, особено зад затворени врати. Сè уште не сум добила извинување од играчот, неговото обезбедување или организаторите. Се надевам дека ќе се извини…“, напиша таа на Инстаграм.

Слични содржини