ТАЖЕН ДЕТАЛ: Што имаше кралицата покрај себе како утеха за време на погребот на принцот Филип? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
533 прегледи

Kралицата Елизабета вчера го испати на вечното почивалиште својот сакан принц Филип, со кого беше во брак 73 години.

Утеха на кралицата за време на погребот ѝ пружиле вредни работи од заедничкиот живот со принцот, вклучително и заедничка фотографија од денот на венчавката, која ја носела во чантата, според „Мирор“.

Се верува дека станува збор за фотографија од денот кога биле младенци и дека е направена на Малта, која имала посебно место во нивните срца.

Кралицата планирала да земе бели марамчиња изработени од специјални кројачи, кои беа заштитен знак на Филип, изјави кралски извор за „Дејли Меил“.

Таа носеше и црвен дијамант кој беше подарок на венчавката на нејзината баба Кралицата Мери во 1893 година со идниот крал Џорџ.

Кралицата положи венец од бели лилјани, бели рози и бели фрезии на погребот, што самата го избра.

На ковчегот на сопругот оставила и ракописна порака, која наводно ја потпишала со нејзиниот прекар од детството „Лилибет“.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип и војводата од Единбург беше погребан вчера во кругот на кралското семејство. Почина на 99-годишна возраст, минатата недела.

Слични содржини