Тажна вест од Ниш: Почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев

од Nikola Popovski

Тажна вест од Ниш. На 72 годишна возраст, вечерва почина познатиот македонски професор и пулмолог, Анѓелко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекало да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

Од клиниката во Ниш соопштија дека компликацијата на неговат здравствена состојба не е последица на примената вакцина ниту пак на хроничните кардиоваскуларни проблеми, заради кои претходно му биле направени 4 бајпаси.

Тој беше сместен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Неговиот син, Влатко Ѓорчев, беше пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

Слични содржини