ТЕ-ТО не работи преку викенд, тврди Мицкоски

од Nikola Popovski

Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електро-енергетскиот систем, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на социјалните мрежи.

Мицкоски наведува дека ова се случува „затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација-така е поисплатливо)“.

-Да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ, потенцира Мицкоски и додава:

-Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200 MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите, штедете, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави)!, вака Мицкоски истакнува дека ќе се надмине проблемот со ладните радијатори во Скопје.

Слични содржини