Тегелтија од Охрид: Да ги отвориме границите и да живееме како некогаш во заедничка држава

од Vladimir Zorba

Во Охрид се одржува дводневниот самит на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, на кој ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка. Денеска се обратија претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, премиерите на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.

Црна Гора и БиХ не се членки на иницијативата Отворен Балкан. БиХ всушност е набљудувач на Самитот.

Тегелтија, и покрај одлуката на Претседателството на БиХ, дојде во посета на Северна Македонија, каде што учествува на овој самит.

„Искрено се надевам дека јас сум последниот кој доаѓа од БиХ, и зборувам овде како набљудувач или гостин, и дека секој друг што ќе дојде ќе зборува како полноправна членка на „Отворен Балкан“. За жал, БиХ нема консензус за проектот „Отворен Балкан“. Нема сериозни одговори зошто, нема ниту негативни одговори. Едноставно има молк, ако има писмена иницијатива таа стои во фиоките на оние кои треба да одлучат. Според мене, причините се дел од предрасудите од минатото – кој е предлагач на оваа иницијатива, кој ќе профитира, дали ова е замена за Западен Балкан, дел е за политичкото влијание на одредени групи, кои сметаат дека ќе биде неуспех. Во БиХ секогаш има надворешно влијание“, рече Тегелтија.

Кога ја добил поканата размислувал дали да дојде и, вели, дали да се правда.

„Имаше и прашања – што правам јас овде, кога се спротивставуваме на „Отворен Балкан“. Тука сум и поради фактот што претставниците на БиХ учествуваат во сите преговори на техничките нивоа што се водат во рамките на „Отворен Балкан“ и дека сме подготвени да ги потпишеме сите договори во моментот кога ќе се донесе политичка одлука. Тука сум затоа што сум сигурен дека ова е добро за нас и за граѓаните. Сигурен сум дека БиХ порано или подоцна ќе стане членка на „Отворен Балкан“, им рече тој на присутните.

Зборувајќи за поскапувањето на енергенсите и намирниците, тој рече дека за прв пат синоќа по вечерата слушнал иницијативи дека заедно треба да се обидат да го решат тоа.

„Да се ​​формира работна група од експерти кои ќе се занимаваат со анализи и изнаоѓање решенија кои ќе се занимаваат со целиот регион. Ги повикувам сите конечно да го отвориме Балканот и нашите граници за слободно движење на луѓе, стоки и капитал, да им овозможиме на нашите граѓани да живеат како луѓе, како што некогаш живееле во заедничка држава“, нагласи Тегелтија.

Слични содржини