221
Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, кој учествуваше како набљудувач на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, рече дека границите треба да се отворат за регионалната иницијатива и дека не сака да види стоки и камиони од БиХ како стојат на границите, додека оние кои припаѓаат на „Отоврен Балкан“ непречено поминуваат.
„Никој во БиХ нема право да ги доведе нашите граѓани и нашата бизнис заедница во таква ситуација“, посочува Тегелтија во интервју за „Политика“.
„Претседателот Вучиќ предложи заеднички да формираме тим кој ќе се справува со проблемите и ќе нуди заеднички решенија за сите земји од Западен Балкан и да се обидеме да дејствуваме заедно“, посочува Зоран Тегелтија.