Овде изгледа никому не му се брза. Освен на „шарените“. Влада,каква влада, чија влада.. !? Власта и опозицијата , како и за се останато и за оваа тема се нормално на различна позиции. Како и за изборите што е фер а што е кредибилно , така и за владата и дилемата-каква и кога?
Засега не се водат никакви разговори за формирање техничка влада, потврдуваат идентично четирите партии – потписнички на Договорот од Пржино, но наведуваат различни аргументи зошто нема разговор на оваа тема, јави Дојче Веле .
Партиите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, потенцираат дека според законот техничка влада треба да се формира сто дена пред избори. Бидејќи договор за изборен датум засега нема, тоа значи дека во полн капацитет продолжува да функционира политичката влада на Никола Груевски. Само тој се разбира се си води од партиското седиште а таму си седи привремениот.
СДСМ е за техничка влада, а странците за нова Влада ама без „лица под истрага во СЈО“
Опозицијата, пак, почетокот за излез од кризата го гледа во неопходното формирање влада која претходно ќе ги исполни условите за одржување фер и демократски избори, но останува на ставот дека политичкиот дијалог за нејзиниот формат може да започне само откако целосно ќе се поништи претседателската одлука за аболиција.
Сепак јасно е дека на ВМРО ДПМНЕ воопшто не му се брза за итна разврска , и тие најавија дека би останале да си го сработат целиот мандат во пакет со задржување на аболицијата. Ако се решат од опозицијата на конкретна разврска и избори тие можат да ги сослушаат.И ДУИ си клапна на старата фотеља.Времето работи за нив и не се зне кој се може да се смени.
СДСМ опозициските партии и граѓанството се спротиставуваат токму на срамната аболиција на Иванов, и бараат предвремни избори ама пред тоа и експертска влада. Имаат цврст став реформи на системот пред избори.
Иванов за ФАЦ: Повторно би ја донел одлуката за помилување, СЈО работи селективно само против ВМРО-ДПМНЕ
За нова преодна влада за реформи на системот се и странците, ама некој треба да го почне се тоа , и да се избори, за да не биде се, само како предизборна програма и ветување за осовојување или смирување гласачи. Тие ценат дека за криминалците нема место ниту во новата влада, ниту на партиските листи за избори , и единствена листа каде заслужуваат да бидат е црната листа. Странците ценат дека избори наесен се прекратко време за вистински промени и на системот и на власта. Тоа е реалноста. За вистинско препакување треба време за избори од пролет, ама дотогаш треба и да се преживее . Треба секој да ги одбрани своите аргументи и да ги елиминира на другиот. Треба и медиуми , барем колку да се чујат сите аргументи.
Во меѓувреме во недостиг на информирање имаме пропаганда, се пумпаат кулоарските приказни , кујните вријат и сите онака групно се самозадоволуваат. Нашите се најбољи! Се пуштаат причици колку го платиле Иванов за аболицијата па бројни шпекулации околу тоа кој за што се пазари , па како кој клекнува и моли пед тронот на власта и опозицијата, кој како се моли пред наредбодавачите и извршителите.Од се тоа се заклучува дека дека се е на пазар, освен , освен слободата на лидерството на ВМРО ДПМНЕ. Наредните десетина дена се веројатно клучот за одлуката која ќе зависи од аргументите на странците и силата на власта.Опозицијата ќе почека , според нив се уште не е време за големи сенародни собиранки, најмалку недај боже радикални испади .А во тој амбиент , што е право право е, не му се трча ниту на ВМРО ДПМНЕ.