Формирање на нова техничка влада за спроведување на реформите потребни за одржување на фер и кредибилни избори, најавува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од таму засега не откриваат дали во моментов се водат разговори за формирање на таква влада и за нејзиниот формат.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на вчерашната прес-конференција рече дека тоа го кажале уште по констатирањето на оставките на нивните министри и враќањето на старо-новите министри од ВМРО-ДПМНЕ во Владата.

– Кажавме уште во моментот кога е направен обидот да се сруши владата од Пржино, со цел токму да се прикријат криминалите на Груевски, дека сè што направиле досега ќе погазат, ќе биде погазена и оваа влада – рече Шилегов.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на протестот во Велес рече дека многу брзо ќе се формира влада што ќе ги исполни условите за одржување на фер и демократски избори.

Инаку, во соопштението од холандската амбасада со освртот од посетата на заменик-министерот за надворешни работи на Холандија и генерален директор за европска соработка, Роберт де Хроут на земјава, се предупредува на тоа кои се лица може да учествуваат во една таква влада.

„Учеството на лицата кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство во привремената Влада, или било која друга политичка функција не придонесува кон враќање на довербата на граѓаните“, беше наведено во соопштението.

Со слична порака е и Брисел и Вашинготн преку своите гласноговорници кои ја посетија Македонија. Никој нема дилеми дека тоа се однесува на  министрите на ВМРО ДПМНЕ, тие  кои се спомнуваат во бомбите, и особено на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Спиновите од типот ние ќе си тераме до крај а тие кога ќе решат неак се јават, е евтин штос. Ги избркавме „комуњарските“ министри  на СДСМ беше  само партиски блеф за да се прикрие незадоволството од поразот за повтороно менување на датумот за избори. ВМРО ДПМНЕ, на крајот ќе е е поразено во овој пржински пакет , и датумите се само колку за горе -долу бранување,  а најголемиот пораз сепак ќе биде целосното повлекување на аболицијата и актите на СЈО. Го знаат тоа тие и токму поради тоа ќе има и нови играчки за публиката од типот на поставување споменици и некои ситни дефокусации, нешто инциденти и малку полициски мускули колку за обид за враќање на стравот и притсоците,  по список и кон сите.

За жал или за среќа  тие  шарени партиски лаги и Шарената револуција  се сосем различни приказни.

Целата приказна сепак има крај, и тоа го знаат и Никола Груевски и Зоран Заев  и Ахмети и Тачи. НЕслучајно сега целата пропагнада ,на трубите н Груевски се повеќе  се насочена кон странците отколку кон СДСМ. И реално таму на крајот на денот се  и правилата кон кои ние доброволно се потпишуваме и уште се обрзуваме и молиме да не земат.

Специјалецот од Берлин Јоханес Хајндл, ги преслуша и големите и помалите партии, и сликата и за него е комплетна, и заедно во пакет со  американецот Џес Бејли и европеецот Аиво Орав ќе го испорачаат решението кое четворката, малку „проширена и надградена“ ќе мора заеднички да го  прифати.

Во најава  тој им насочи : – Мојот став е ист со последното соопштение на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини. Значи треба државните интереси да се стават над политичките – изјави Хајндл .

Всушност ништо не се смени во концептот еден чекор напред два назад , па застани и повторно напред. ВМРО ДПМНЕ , преку своите мегафони има алатка како да ја замајува јавноста , но кој знае дали и целото негово раководство размислува исто , иако нели си молчи. Политиката на Груевски ,  паѓа и реално се рони  довербата меѓу наередбодавачите и извршителите, и прашање на време  е во тоа тонењето ,  кој се ќе биде  повлечен со него. Токму поради тоа целата енергија е насочена на Аболицијата и  СЈО, и покривање на попуштањето на Груевски има датум – нема датум.

dav

На маргините на состанокот на министерите  на НАТО во Брисел,   министерот Никола  Попоски , кој има проѓа кај странците,  оствари билатерални средби со помошникот  државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд. Не е случајно ниту спонтано. Нормално нема детали што е порачано освен штурото соопштение на МНР каде протоколарно се вели дека Поовски се сретнал со Нуланд , и со  министрите за надворешни работи на Германија, Турција, Унгарија, Грција, Бугарија и Холандија залагајќи се во насока на побрзо остварување на евроатланските амбиции на Република Македонија“, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.

ЗА 10 дена се ќе се разбистри. Се  разбира нова влада составена од повеќе чинители, и со строга програма за реформи , каде на прво место е СЈО неговата работа и  медиумите. Ќе има тука многу работа и за регулаторите и за саморегулаторите на медиумскиот терен.

За секој случај како што дознаваме , освен морковот подготвен е  и стапот од највлијателните европски држави  и САД. Околу 60 лица од и служители на власта, кои се извалкани и го кочат процесот , тераат валкани бизниси, и се разбира и тие  со сметките надвор од Македонија, ќе бидат на црната листа, што ќе рече нема секаде шетање по Европа  и САД, т`нко излез од Македонија,  забранет пристап до сметките, и ќе има голема доза  за освестување на јавноста. И да така е ќе има нова влада, ама само со тие со чисти досиеја, и неаболицирани. Нов датум за избори овојпат нема, има само обврска за реформирање и враќање на системот во нормала. А во нормални околности  со новиот среден Избирачки список и правила , со  избалансирани медиуми ,нема  да биде воошпто изненадување дека за клучните политички фронтмени ќе нема место на кандидатските листи.Сепак се движи нешто колку за правдата и (не)мирот!