Техничка грешка бил мејлот кој д-р Петличковски го добил за неговата смена од КЗБ

од Nikola Popovski
164 прегледи

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски информираше дека вчера добил електронска пошта со листа на имиња, на која претседател на КЗБ бил друг. Сепак, потоа дошло до корекција.

-Разговаравме со министерот за здравство и прилично уверливо ми објасни дека се работи за техничка грешка, па оттаму продолжуваме понатаму во истиот состав. Мејлот беше од Министерството за здравство, но не можам да се сетам од која адреса. тоа беше листа на учесници, кажа Петличковски на денешната прес-конференција.

МЗ уште вчера демантираше дека докторот нема да биде сменет од претседателската функција на КЗБ.

Дел од медиумите вчера пренесоа дека новиот министер за здравство Илир Демири го разрешил Петличковски.

Слични содржини