Тејлор Свифт е највисоко платената ѕвезда

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Честитки, Тејлор Свифт! Ѕвездата ja предводи листата Топ 100 на највисокоплатените славни личности за 2019. 29-годишната пејачка заработила околу 185 милиони долари за една година, што е со 131% повеќе од приходите за изминатата.

Огромното мнозинство од нив доаѓаат од нејзини настапи.

До неа е Кајли Џенер, која, според Форбс, заработила 170 милиони долари во изминатите 12 месеци и моментално е најмладиот милијардер во светот.

Во првата петорка влегува и друг член од големата фамилија поврзана со Кардашијан-Џенер, имено Кание Вест, кој се наоѓа на третата позиција со приходи во износ од 72 милиони долари.

Во класификацијата влегуваат уште имиња како Бијонсе, Ријана, Роналдо, Крис Хемсворт, Бредли Купер, Двејн Џонсон, Калвин Харис и др.