По неколку месеци голгота во правните лавиринти, Тејлор Свифт конечно има добри вести за своите обожаватели – таа добила дозвола да ги пее и старите хитови на настапот на Американските музички награди, кои ќе се одржат на 24 ноември.
Минатиот петок таа им се обрати на фановите, појаснувајќи им дека поради спор со претходната издавачка куќа е доведен во прашање нејзиниот настап на АМА, каде ќе биде почестена со признанието изведувач на деценијата.
Продукцијата „Big Machine“ ги поседува правата на првите шест албуми на Тејлор Свифт, а со тоа и правата на изведување во живо. Уште не е јасно што ќе се случува со најавениот документарец кој Нетфликс треба да го сними за животот на пејачката, но кога ќе има информации, таа потврдила дека ќе ги извести обожавателите преку социјалните мрежи.