Телефоните на Xiaomi за Кина нема да ја поддржат глобалната верзија на MIUI

од Vlatko K
82 прегледи

Во почетокот на месецот Xiaomi најави промена во политиката, кoја сигурно ќе разочара многу корисници, кои се навикнати да ги купуваат поевтино телефоните нејзини од Кина. Со доаѓањето на нови пазари во Европа компанијата ќе се обиде да ги заштити подобро интересите, и оние на своите партнери, откако ќе ја забрани инсталацијата на глобалната верзија на интерфејсот MIUI на телефоните, наменети за Кина. Уредите ќе работат само со верзијата MIUI за земјата.

Слично на тоа, во моделите на странски пазари со глобалната верзија на MIUI нема да може да се инсталира кинеското издание. Во него не се вклучени услугите на Google, блокирани во Кина, а продавачите на мало кои продаваат телефони за одредени земји честопати инсталираат апликации рачно пред да испратат нарачки во странство.

Xiaomi препорачува на корисниците да ги купуваат нејзините телефони само од официјални или авторизирани продажни канали и да ги проверат внимателно системските информации на телефоните пред да инсталираат во нив нов софтвер или софтверски ажурирања.