Телефонски разговор Ципрас –Гутереш за спорот за името и Турција

од Vladimir Zorba
70 прегледи

  За преговорите за името, меѓу другото, разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во телефонски разговор.

Во кусото соопштение од кабинетот на Ципрас, како што јави дописникот на МИА од Атина, не се откриваат дополнителни детали.

– За време на разговорот, разговараа за случувањата во поширокиот регион, за грчко-турските и евро-турските односи, како и за преговорите со ПЈРМ, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер. с