Македонското Министерство за надворешни работи ја повикало на разговор амбасадорката на Србија Душанка ДивјакТомиќ, да го објасни присуството на нејзиниот советник и разузунавачки офицер на БИА Горан Живаљевиќ во парламентот за време на инцидентите, велат од МНР за Телма.
Засега немало состанок, но според МНР зависно од содржината на разговорот Македонија ќе се однесува согласно Виенската конвенција.
Својот престој во парламентот на критичната ноќ кога беа нападнати пратеници на СДСМ и Зијадин Села, Живаљевиќ за Телма го објаснил како обид да види дали во парламентот пристуствуваат и српски државјани односно навивачи и екстремисти.
Амбасадата на Србија во Скопје не дава одговор зошто Живаљевиќ отишол во парламентот упатувајќи не на изјавата на српскиот Премиер Александар Вучиќ по средбата со мандаторот за влада на Македонија Зоран Заев. Ниту Заев ниту Вучиќ конкретно не одговорија какви мерки ќе бидат првземени против Живањевиќ.
Живаљевиќ е искусен дипломат и разузнавач кој не би смеел да направи ваква грешка, вели поранешниот амбасадор во Србија и поранешен прв човек на Агенцијата за разузнавање Виктор Димовски сметајки го однесувањето на Живаљевиќ за недозволиво.
Според извори на Телма Живаљевиќ се задржал во Собранието 20 минути, бил во пленарната сала каде направил селфи со демонстрантите, но нема информации дали бил и во прес салата за време на нападите на пратениците.
Телма на снимките при влегувањето во парламентот лоцираше и лица од Агенцијата за Разузнавање, но според неофицијални информации тие своето присуство таму го оправдуваат со лоцирање токму на Живаљевиќ.
Повеќе тука
Брисел: Расчистија ли Вучиќ и Заев за српскиот национализам ?
