Тело во распаѓање пронајдено во куќа во Кучково

од Nikola Popovski
170 прегледи

Полицијата пронајде тело на починат маж во куќа во Кучково.

-Во текот на вчерашниот ден 25.10 околу 14 часот бил пронајден починат Т.Р.(60) од с. Кучково. Од лекар од итна медицинска помош е констатирна смрт без траги на насилство, а телото било во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, појаснуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.