Телото на Јошески дадено на обдукција, ќе се испитува како починал

од Nikola Popovski
309 прегледи

Четириесет и шест годишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера се трагаше, е пронајден починат. Од МВР информираат дека кај нив пријава дека лицето е пронајдено мртво добиле во 20:15 часот.

-Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, стои во соопштението на полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на Јошески било дадено на обдукција, по која ќе се утврди како починал 46-годишниот прилепчанец.

Имено, на социјалните мрежи масовно се споделуваше апел за пронаоѓање на Јошески, кој од вчера напладне му снемало трага.

Слични содржини