Темелковски ветува нов инвестициски циклус во општината и развој на бизнисите

од Берта Китинска
298 прегледи

 

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ, кој е и актуелен градоначалник на општината Филип Темелковски ветува нов инвестициски циклус во општината и развој на бизнисите.

Општината, како што најави, ќе стимулира привлекување на мали, средни и старт ап бизниси кои ќе бидат вклучени во извозната верига на големите компании и поддршка за младите претприемачи.

– Ја стимулираме генијалноста кај младите и продолжуваме да ги охрабруваме и по завршувањето на образовниот процес. Конкурентните иновативни идеи, креативноста на нашите сограѓани се двигател на модерната Кисела Вода во којшто инвестираме, изјави Темелковски.

Делот кај фабриката „Охис”, по отстранувањето на линданот и останатите токсични материи, и дел од Драчево, како што најави Темелковски, ќе прерасне во економска зона, а во неговите ветувања е и подобрување на патната инфраструктура и поврзување со автопатот за влез во Скопје.

– Развој и изградба на соодветна пристапна инфраструктура во соработка со Град Скопје и непречен и брз влез и излез до автопатот на влез во Скопје, ќе овозможи и дивертирање и отстранување на тешкиот сообраќај од населените места и зголемена безбедност за жителите, рече Темелковски.

Слични содржини