Темни облаци над Скопје: Дожд и силен ветер го зафати градот

од Nikola Popovski
383 прегледи

Силен ветер со дожд го зафати Скопје нешто пред 17 часот попладнево. Се забележуваат и грмотевици.

Во моментов, небото над Скопје е целосно темно, но без појава на град, иако имаше најави за такво нешто.

Засега нема информации за евентуални поплавени улици или паднати дрвја.

Моментална нестабилност во скопската котлина и во подрачјето на Велес е проследена со интензивен пороен дожд, чести електрични празнења и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предупредуваат дека невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град ќе има и во ноќните часови.

Времето утре ќе биде претпладне променливо облачно со услови за локален краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Слични содржини