191
Нови температурен рекорд е регистриран во рускиот главен град за 70 години мерења, објави метеоролошкиот центар Фобос. Во Москва, денеска температурата на воздухот изнесуваше 11 Целзиусови степени. Просечната температура за овој период од годината е околу 23 степени.
Метеоролозите, кои имаат статистички податоци од 1948 година, посочуваат дека такви ниски температури во овој регион на Русија се забележани само двапати: во 1996 (+12.2 степени) и во 2003 (+13 степени), но живата никогаш не паднала толку ниско колку денеска.
Таква температура е типична за Москва на крајот од септември.