Вчера попладне пошна намалуавање на температурите колку за најава на есента.
Во 17 часот беа измерени следните температири: 24 Лазарополе, 25 Маврово, 27 Охрид, Берово, Претор, 29 Прилеп, Кр.Паланка, 30 Виница, 31 Тетово, Струмица, Битола, 32 Скопје-Петровец, Штип, 33 Скопје-З.Рид, 34 Д.Капија, Гевгелија.
Времето денеска:
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=7.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи Т-ра 14 / 30 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од утре попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи.
Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.