Температурни рекорди : Ледената покривка на Гренланд се топи невообичаено рано

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Околу 12 отсто од ледената покривка почна да омекнува речиси еден месец порано од претходните регистрирани датуми

grenland

Температурни рекорди беа регистрирани на Гренланд откако дел од ледената покривка почна да се топи невообичаено рано, соопшти данскиот метеоролошки институт. Во соопштението на институтот се вели дека “последните резултати даваат нови и солидни докази дека трендот за повисоки температури во Арктикот се задржува”. Просечната летна температура од 8,2 степени во Тасилак, на југоисточниот брег на Гренланд, е највисока откако започна мерењето во 1895 година и за 2,3 степени над просекот меѓу 1981 и 2010 година.

Рекордно високи вредности се земени ова лето и во јужниот и североисточниот дел на земјата. Пролетта на 2016 година беше многу мека и исто ги урна рекордите во 6 од 14-те метеоролошки станици. Во април од метеоролошки институт сигнализираа дека топењето на мразот достигнало рекордно ниво .

Околу 12 отсто од ледената покривка почна да омекнува речиси еден месец порано од претходниот регистрирани датуми. Мраз во Гренланд кои се потенцијален   причинител на зголемување на морското ниво, се намалени два пати побрзо меѓу 2003 и 2010 година, што било топењето на целиот 20 век, посочуваат истражувачите. / АФП