Тениски тренер допирал малолетнички во Радишани

од Nikola Popovski
518 прегледи

Две мајки пријавиле дека нивните малолетни ќерки биле допирани по телото од тренерот по тенис, каде што оделе на тренинзи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, настанот се случил во спортска сала во населбата Радишани.

-На 12.06.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, 50 – годишна и 40 –годишна жена од Скопје пријавиле дека во спортска сала на подрачје на Радишани нивните малолетни ќерки биле допирани по телото од тренер по тенис, велат од полицијата.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини