172
Бугарски државјани, кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, засега не можат да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.
Претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов објави видео од инцидентот, а во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.
На граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување. Поради падот на системот на нашиот граничен преин од МВР информираа дека селективно ќе се пропуштаат само итните случаи.