Тензично во Црна Гора, полиција на секој чекор

од Stefanija Kuzmanovska
396 прегледи

Во сите градови во Црна Гора, кратко време по 18 часот, припадниците на полицијата, според изворите на „Нова.рс“, тргнале во патрола на угостителските објекти и ги советувале сопствениците да ги затворат локалите, за да можат гостите да си одат дома со цел улиците да бидат испразнети што е можно поскоро.

„Ни беше кажано дека кафеаните ќе работат најдоцна до 20 часот бидејќи сите се плашат од немири. Полицијата ги советуваше сопствениците на сите барови во градот да ги затворат и да ги испразнат кафичите“, изјавила Ј.Т. од Плеваља за „Нова.рс“.

Во текот на денот, претставниците на властите во Црна Гора, но и сите од опозициските партии, апелираа до граѓаните вечерва да останат во своите домови, да не излегуваат на улиците и без оглед на конечните резултати од изборите, победата на нивните кандидати да ја прослават во својот дом, а не на улица, за да не дојде до судир и немири.

Сепак, полицијата секако е подготвена во случај да дојде до какви било проблеми и нарушувања на безбедноста.

„Полицијата е на секој контролен пункт. Слушнав дека ќе ги блокираат сите градови околу 20 часот“, вели Т.Ч. од Будва за порталот.

Полициските кордони се распоредени по целото крајбрежје, сведочат локалните жители.

„Возев од Будва до Тиват попладне и возилата на МУП беа распоредени по целиот пат. Се чини дека сите полицајци од Црна Гора се тука “, вели П.. од Тиват.

Непосредно пред 20 часот, кафулињата беа испразнети, а улиците останаа пусти. Граѓаните го слушаа апелот на политичарите од власта и опозицијата, да ги чекаат изборните резултати во нивните домови.