Тензии на Работнички-МЗТ Скопје: Родител влета на терен за да тепа дете (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Тензии и срамен инцидент се случил на вчерашното кошаркарско дерби во салата „Градски парк“ меѓу Работнички и МЗТ Скопје во категоријата до 14 години. Еден од родителите сакајќи да „дели своја правда“ влетал во теренот и се обидел да нападне едно од децата.

Со реакција се огласија и од домашниот тим КК Работнички.

-На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени.Каде што родители од спротивната страна (мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на РАБОТНИЧКИ. Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години. Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки. РАБОТНИЧКИ Е СИНОНИМ ЗА КОШАРКА!, стои во соопштението на клубот, објавувајќи и видео од немилиот настан.

Инцидентот започнува од 3-тата минута.

 

Слични содржини