Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, предупреди дека ако Србите во северниот дел на земјата,  објават автономија, косовските власти ќе одговорат , информираат српските и косовските медиуми., порача Харадинај  по состанокот на Косовскиот совет за безбедност.

” Никој нема право да презема еднострана акција” , рече Харадинај на прес-конференцијата, додавајќи дека ” кршењето на косовските закони нема да се толерира”.

Премиерот, исто така, објави дека работната група ќе претстави извештај за нацрт статут на Унијата на српски општини . Според него, исполнувањето на обврската за договор со Србија склучен во Брисел се  одложува, бидејќи властите во Приштина сакаат да бидат сигурни дека статутот е во согласност со косовските закони.

Косовските медиуми денеска соопштија дека средбата на Советот за безбедност се спровела ден по појавата на информации дека Србите размислуваат да ” прогласат автономија ” во саботата како  одговор на неуспехот на Приштина да формира Сојуз на српските општини – обврска кон договорот од Брисел од 2013 година , постигнат за време на дијалогот меѓу Србија и Косово.

Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ испрати писмо до Србите во Косово и Метохија. Српскиот водач ги повика Србите да не одговараат на провокација и дезинформации . Во писмото, Вучиќ пишува дека Србија е подготвена да ги исполни своите обврски кон нив и да ги заштити своите животи ако е потребно.

Денеска  е крајниот рок за формирање на Унијата на српски општини . Состанокот на српскиот Совет за национална безбедност во Белград е закажан за в сабота.