Српската државјанка била претепана од женско лице во скопско, извести МВР.
Според информациите, на 22.03.2023 во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30) од Република Србија, со престој во с.Зелениково, скопско, пријавила дека околу 14,40 часот на локален пат во општина Петровец, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.